Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се сретна со центарци кои живеат околу Клиничкиот центар кадешто разговараа за проектите што се имплементирани и се дискутираше како да им се помогне со предизвиците со кои се соочуваат во нивната населба.
Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.
“На денешната панел конференција во организација на Хајделберг факултетот во Скопје, имав можност со своите колеги градоначалници да разменам искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт.“
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им изрази голема благодарност на Воислав Чижбановски, Сами Камилов, Ѓунеш Елес и Мифтар Рајкович вработени во ЈП Паркинзи на Општина Центар, за храброто и пожртвувано гаснење на пожарот на Јасен.
Вработени од комуналното претпријатие ЈП ПОЦ со цистерната на Општина Центар помага во гаснење на пожарот на Јасен. На шумскиот резерват гори борова шума повеќе од 20-на дена при што изгоре значителна површина шума.
Општина Центар трета година по ред доделува бесплатни ранци за сите првоодделенци запишани во сите осум основни училишта во општината. Овојпат средствата се одвоени од општинскиот буџет.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар повторно дели вода за граѓаните и минувачите на ул. „Максим Горки“, автобуските постојки на Рекорд и Џамбо, пред хотел Холидеј Ин и околу Зелениот пазар.