Активности, Образование|

Денес, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во новото општинско основно училиште „Киро Глигоров“ ја отвори новата училишна библиотека.

Со мал, пригоден настан, во име на долгогодишната соработка на наставниците и учениците од општинските основни училишта, издавачката куќа „Просветно Дело“, која ги издава детските списанија Росица, Другарче и Развигор, во библиотеката се донираа над 100 наслови за детска литература.

Во склоп на отворањето на читалната, учениците од основното училиште имаа можност да присуствуваат на 5 книжевни работилници, а на нив учениците твореа и работеа и со домашните писатели за деца Ванчо Полазаревски, Наум Попески, Ксенија Трајчева, како и со поетесата Вера Андон.

За добар почеток на работата на библиотеката, градоначалникот Богдановиќ, заедно со вработените од Општина Центар на децата и наставничките од ООУ „Киро Глигоров“ им подарија „торта“ од кинги.

Comments are closed.

Close Search Window