Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна.
Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало.
Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ посветен на промоција на македонската и европската храна и култура. Учесниците на Јавниот повик потребно е да понудат програма со цел промоција на македонската кујна и различните кујни на европското поднебје, со фокус на локалните производители на храна.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, и по повод роденденот на Горан Стефановски, се објавува Јавен повик за реализација на проектот под наслов: „Прослава на животот на Горан Стефановски“.
Се донесува Решение за свикување на шестата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 13.3.2026 година /петок/ во 12.00 часот.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“.