Герасимовски:  Игралиштето „Дрвен“ повторно во функција , со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите

20.04.2026
Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед. Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“  

20.04.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел популаризација на рок музиката во урбаната средина и поддршка на младите и неафирмирани музичари, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“.

Герасимовски: „Лига Центар“ со големо финале во салата „Лазар Лечиќ“, создаваме нови спортски шампиони

17.04.2026
Со ревијален натпревар во кошарка во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26.

Герасимовски: Центарски улици 4, Уметноста повторно го оживеа срцето на Скопје

16.04.2026
Вчера, во централното градско подрачје, на пешачката зона „Улица Македонија“ и низ Дебар Маало, успешно се одржа четвртото издание на културната манифестација „Центарски улици“, во организација на Општина Центар.

Герасимовски: Пролетна реконструкција на игралишта во Центар, „Дрвен“, кај КАМ маркет и „Зебра“ со нова опрема и реквизити 

15.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во утринската програма „Македонија наутро“ на МРТВ информираше за тековните активности за реконструкција на детските и спортските игралишта низ општината.

Герасимовски: „Центарски улици 4“ со буџет од 1 милион денари. четирикратно зголемени вложувањата  во културата во Општина Центар

15.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во утринската програма на Македонската телевизија ги покани сите граѓани да се приклучат на најголемиот хепенинг „Центарски улици 4“, што ќе се одржи на улица „Македонија“.

Герасимовски: Отстранети бесправно поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија

14.04.2026
Во текот на ноќта се отстранети нелегално поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и сувенири. Акцијата беше реализирана по наредба на овластен градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи при Општина Центар, врз основа на претходно извршен вонреден инспекциски надзор. Со решението беше наложено нивно отстранување, по што лицата постапија согласно истото и во доцните вечерни часови самостојно ги демонтираа тезгите.

Герасимовски: Градски Ѕид добива уреден рекреативен парк со детско игралиште, фитнес зона и ново зеленило

14.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за уредување на просторот во Градски Ѕид, зад објектот „Краш“, на потегот од Зелено пазарче до улицата „Македонија“.

Герасимовски: Центар се претвора во голема уметничка сцена, спектакл на улица на 15 април

14.04.2026
По повод Светски ден на уметноста, утре, на 15 април, Општина Центар ја претвора улица Македонија во отворена уметничка сцена со фестивалот „Центарски улици 4“, кој започнува во 12:00 часот.