Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на јавниот спорт и рекреација за граѓаните, како и подобрување и зголемување на спортските успеси на спортистите-поединци и спортските клубови на домашен и меѓународен план, Општина Центар-Скопје обезбедува финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот од интерес за Општина Центар-Скопје, за дејствување во различни области од спортот во општината.