Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Вечер под ѕвездите“

11.12.2025
Општина Центар-Скопје за 2025 година, со цел културно и забавно анимирање на жителите по повод новогодишните празници, објавува Јавен повик за реализација на проектот „Вечер под ѕвездите“. Датумот за одржување на настанот е 29.12.2025 година (понеделник), а предвидената локација за реализација на проектот е Боемска улица.

Трагата на уметноста што не се брише

27.11.2025
Во Општина Центар, неговото присуство се чувствува и денес. Преку муралот што го слави неговите дух и дело, преку бистата во Дебар Маало која секојдневно потсетува на неговата големина, преку настаните за одбележување на неговиот роденден кадешто се читаат неговите дела и се слуша неговата мисла.. Сите овие активности се наше „благодарам“. Благодарам за богатството што ни го остави.

Креативни работилници со најмладите и нивните љубопитни прашања

27.11.2025
Денес имав чест да ги пречекам учениците од повеќе основни училишта во Општина Центар. Заедно разгледавме како функционира локалната самоуправa и одговарав на нивните прашања за урбанизмот, комуналните услуги и проектите кои ја подобруваат нашата општина .

Вратен јавниот простор: отстранета дивоградбата кај „Мечка“

26.11.2025
Општина Центар ја урна нелегалната доградба која подолго време го блокираше тротоарот и дел од коловозот во Дебар Маало. По повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата излегоа на терен и ја отстранија бесправно поставената конструкција што го попречуваше нормалното движење на пешаците и сообраќајот.

Час што инспирира: Локалната самоуправа низ детските очи заедно со Горан Герасимовски

24.11.2025
Денеска, заедно со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ одржавме час по локална самоуправа кадешто учевме како се гради општината, како се носат одлуките и што значи да се работи за сите граѓани.

Учиме за локална самоуправа и фукционирање на општината заедно со најмладите и Горан Герасимовски

20.11.2025
Учиме за локалната самоуправа. Учениците од IV одделение од „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Киро Глигоров“ ја посетија Општина Центар и се запознаа со тоа што е локална самоуправа и како функционира општината.

Јавен повик за поднесување на понуди (ППП) Градежни работи

21.11.2025
Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.