Оваа година, приказните добиваат нов живот токму таму каде што најмногу им припаѓаат на Саемот на книгата, кој веќе започна и ќе трае до 14 мај.
Во духот на славењето на пишаниот збор, Општина Центар со особено задоволство ја поздрави посетата на Патриша Марш Стефановска авторка на историска фикција и публицистика, и сопруга на легендарниот Горан Стефановски. Средбата што ја имавме со неа во Дебар Маало беше инспиративен разговор за животот, предизвиците и филозофијата што не обликува како луѓе.
Чест ни е што преку Конкурсот за финансирање на проекти од областа на културата дадовме поддршка за издавањето на нејзината книга „Наспроти мојата животна филозофија“, која за првпат излегува на македонски јазик. Промоцијата на книгата ќе се одржи денес на штандот на Издавачкиот Центар ТРИ.
Општина Центар и понатаму ќе биде поддржувач на вистинските културни вредности и ќе продолжи да ја негува љубовта кон литературата и уметноста, затоа што секоја приказна заслужува да биде раскажана а уште повеќе, да биде слушната.