Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.
Општина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.
Се донесува Решение за свикување на тринаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 02.10.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.
Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје) за следниве приоритетни услуги, утврдени во Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2026 година
Се повикуваат да се пријават на Јавниот повик за „Обука за финансиска писменост на жените“ сите заинтересирани лица што ги исполнуваат наведените условите.
Јавниот повик започнува од денес 23.9.2026 и ќе трае 15 дена.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“.
Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите.