ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на Општина Центар-Скопје

11.05.2026
Јавниот повик се однесува на: финансиска поддршка за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.

Герасимовски: Центар го прослави фолклорот и традицијата со играорците од „Орце Николов“, ДКЦ „Карпош“ и етно работилници

10.05.2026
Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош.

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ

09.05.2026
Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар.

Герасимовски: „Фолклорот како живо наследство“,  голем настан во Паркот на Франкофонија со народни  ора и песни, носии и ракотворби

07.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот  настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство.

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

06.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот.

Герасимовски на средба со основните училишта: Бесплатни оброци, екскурзии низ Македонија и униформи за наредната учебна година 

06.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната средба со директорите на сите осум центарски основни училишта ги прецизираа клучните политики од областа на образованието што ќе се реализираат во наредната учебна година.

Герасимовски: Упис на првачиња, активности во градинките и центарските настани, се на едно место на  ГИС порталот на Општина Центар

05.05.2026
Општина Центар, преку ГИС порталот достапен на веб-страницата на општината, нуди широк спектар на дигитални услуги и информации за граѓаните.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „ Центарска симфонија “

04.05.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се одбележи Светскиот ден на музиката 21 јуни, како и да се доближи класичната музика кај помладата генерација, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Центарска симфонија“.

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ на 9 мај, дегустираме и се дружиме во Паркот на Франкофонија

30.04.2026
Општина Центар на 9 мај, во Паркот на Франкофонија, го организира настанот  „Нож и виљушка на европска чинија", целодневно гастрономско и културно доживување што ги спојува вкусовите, музиката и современиот урбан ритам.

ЈАВЕН ПОВИК За доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар-Скопје за купување велосипеди и е-велосипеди, и за купување на дополнителна опрема за велосипеди  и е-велосипеди , во 2026 година

29.04.2026
Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за  купување велосипеди, е-велосипеди и за купување на дополнителна опрема, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри, звонче, безбедна сајла, катанец и сл., за велосипед, е-велосипед во 2026 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2026 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број  5/26), Општина Центар – Скопје се грижи за животната средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до нов велосипеди, е-велосипеди  и дополнителна опрема за  велосипед и  е- велосипед.