Герасимовски: Запознајте ги хероините на градот, бесплатна тура на тема „Женското наследство во Центар"

16.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната едукативна тура на тема „Женското наследство во Центар“, која ќе се одржи утре, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк.

Герасимовски: Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчиња

15.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните.

Центар во пролетна акција: косење трева и уредување на безбедни зелени површини во сите населби и маала

13.05.2026
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина.

Герасимовски: Центар обезбеди 2 милиони денари за субвенции, повик до младите да аплицираат за возачка дозвола

12.05.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци  да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија.

Герасимовски: Финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови, пријавете се на јавниот повик на Општина Центар

11.05.2026
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа.