ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЈП ПОЦ: СРЕДБА НА ПОРАНЕШНИТЕ И АКТУЕЛНИОТ ДИРЕКТОР

08.10.2026
Скопје, 8 октомври 2026 година – По повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ), денес во просториите на претпријатието се одржа средба на поранешните директори со актуелниот директор Душко Коцевски. На средбата присуствуваа поранешните директори Тодор Делјановски, Вангел Андрески, Саша Богдановиќ и Васко Кичевски.

Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците

08.10.2026
Со спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва

06.10.2026
Првачињата од основните училишта во Општина Центар денеска свечено беа примени во Светската детска организација. Најмладите ученици ја дадоа свечената заклетва и ветија дека ќе бидат вредни и одговорни ученици, дека ќе ги почитуваат своите наставници и родители, но пред сè, дека ќе бидат добри другари.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „7/8 Центарски Такт“

05.10.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се промовира македонското фолклорно наследство, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „7/8 Центарски Такт“. Со организацијата на овој проект, Општина Центар сака да ја истакне вредноста на микротоналната музичка традиција, народната песна и традиционалната носија преку спој на едукативен, дефилеен и сценско-музички карактер.

Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме,  поддршка и помош за младите во ризик од дрога

30.09.2026
Општина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства.

Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето

29.09.2026
Општина Центар го санираше и реновираше платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“. Платото веќе подолго време протекуваше, а водата навлегуваше во салата и во ходниците на училиштето.

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

28.09.2026
Општина Центар, во соработка со Центарот за асистивна технологија на здружението „Отворете ги прозорците“, обезбедува бесплатна и индивидуализирана стручна поддршка за деца и млади со различни видови попреченост и за нивните семејства.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

26.09.2026
Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај  слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.