Јавен повик, Култура|

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 4 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје бр.08-1187/16 од 27.2.2025 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.2/2025) и точка 4.4 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје бр.08-5795/38 од 27.12.2024 година („Службен гласник на Општина Центар–Скопје“ бр.13/2024), Општина Центар – Скопје објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“

 

  1. Предмет на Јавниот повик:

Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година, а со цел да се потенцира влијанието на пишаниот збор, како и да се насочи вниманието на јавноста кон поезијата како уметност отворена за луѓето, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“. Во рамките на проектот посветен на пишаниот збор и на најпознатите творби од македонските писатели преточени во музика, предвидено е да се изработат музички аранжмани на безвременските дела од македонското литературно творештво. Целиот спој на музика и поезија ќе биде соодветно презентиран на 21 март кога и се одбележува Светскиот ден на поезијата.

Овој Јавен повик се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје  https://www.centar.gov.mk/

 

2. Услови за пријавување:

2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават сите физички лица кои вршат дејност од областа на културата, како и сите регистрирани здруженија,  организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје.

2.2. Критериуми: Врз основа на член 9 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје, сите физички лица, здруженија, организации и правни субјекти кои вршат дејност од областа на културата треба да ги исполнуваат следните критериуми:

– да се регистрирани како самостоен уметник, здружение, организација или правен субјект од областа на културата со седиште во Општина Центар-Скопје

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението, организацијата или правниот субјект

– да имаат најмалку една година работно искуство во културата

 

  1. Потребна документација за пријавување на Јавнот повик:

– пополнета пријава со краток опис и агенда за настанот

– портфолио на здружението, организацијата или правниот субјект

– биографија на лицата, односно изведувачите вклучени во проектот

– референтна листа

– финансиска конструкција за средствата потребни за реализација на проектот

– активна трансакциска сметка на субјектите што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства

– Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.

     

  1. Комисија за евалуација и критериуми:

Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот од редот на администрацијата. Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за организација на настанот, и истите ќе бидат бодувани согласно член 11 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Центар-Скопје.

 

  1. Начин и рок на поднесување на пријавата:

Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со потребната документација се доставува во еден оригинален примерок, пополнета електронски, потпишана и заверена/печатирана од одговорно лице на апликантот, преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

Сектор за јавни дејности/Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот, со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“.

 

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите поддржани со овој Јавен повик се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2025 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 4.4 „Светски ден на поезијата“ изнесуваат 400.000,00 денари. Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

Пријава за јавен повик поезија

 

Comments are closed.

Close Search Window