Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

29.07.2026
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година.

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош заради штетата предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје случена на ден 21.07.2026 година

29.07.2026
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за доделување на еднократна парична помош заради штетата предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје случена на ден 21.07.2026 година согласно Правилник донесен од Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ број 9/26).

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови

29.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. 

Герасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“, асфалтиран и кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“

28.07.2026
Поради продолжување на градежните активности за реконструкција на улицата „Ленинова“, Општина Центар ја информира јавноста дека од денеска до петок  ќе биде воведен времен режим на сообраќај во дел од населбата Дебар Маало.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Нешто што ќе остане“

24.07.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел Општината да даде свој придонес во афирмирањето на македонската музика и поддршка на македонските изведувачи, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Нешто што ќе остане“. Во рамките на овој проект што прерасна во традиција, предвидено е да се организира музички хепенинг на кој ќе се претстават наши уметници, а жителите на градот ќе имаат можност бесплатно да се забавуваат слушајќи ги домашните автентични звуци.

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

23.07.2026
Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвои Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје.

Герасимовски: Не е време за политикантство туку за итни мерки и работа на терен. Обезбедуваме финансиска поддршка за штетите од невремето

23.07.2026
По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули.

Герасимовски: Ќе се врши проценка на штетите од невремето, граѓаните да ги пријават оштетувањата

22.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени

22.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината.