Тринаесетта седница ДНЕВЕН РЕД 2026

Соопштенија
Седница
Се донесува Решение за свикување на тринаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 02.10.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.
1
26.09.2026

ОПШТИНА ЦЕНТАР

СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Бр.08-5306/1 од 25.9.2026 година

                    С К О П Ј Е                                                         

                                                                            ДО                                                     

                                                                                 ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

                                                                                   НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

                                                                                             С К О П Ј Е

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 13. седница на

 Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам 13. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 2.10.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.

Усвојување на Записник од 11. седница на Советот и Записникот од        12. седница на Советот.

За седницата го предлагам следниов

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

                                                       

  1. Разгледување на Полугодишниот извештај за работа на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „ЛАЈКА“, за Општина Центар-Скопје, за период јануари-јуни 2026 година.

  1. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за задолжување на Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ дооел-Скопје и обезбедување со меници од страна на Друштвото и Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје за период 2026-2027 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје за период 2026-2027 година.

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје за период 2026-2027 година.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година, на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „13 Ноември“-Скопје.

  1. Предлог-решение за именување член во Управен одбор на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје, предложен од Советот на родители на градинката.

  1.  Предлог-решение за констатирање  на престанок на мандат на член   

        на Управен одбор на Јавна установа детска градинка на Општина   

        Центар-Скопје „Кочо Рацин“, предложен од Општина Центар.

  1.  Предлог-правилник за постапката, начинот, условите и    

 критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега

 на возрасни лица.

  1.   Предлог-правилник за начинот, критериумите и постапката за  

  доделување финансиски средства за проекти и програмски   

  активности од областа на социјалната, детската и здравствената  

  заштита од интерес за Општина Центар-Скопје

  1.  Предлог-одлука за донесување/недонесување на Урбанистички  

 Проект со план  на парцелација за ГП 20.06 и ГП 20.07 од  

 Изменување и дополнување  на Детален урбанистички план  

 Буњаковец 2, Општина Центар-Скопје.

  1.  Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за  

 образование на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

 на Програмата за урбанистичко планирање на Општина

 Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за уредување на градежно земјиште на

   Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за комунални дејности на Општина

         Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за заштита на животната средина на

   Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за реконструкција и санација на основни

   училишта на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита

   на деца на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 

   година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за образование на Општина

   Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

  на Програмата за спорт и рекреација на Општина

  Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за локален економски развој на Општина

   Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација

   на Програмата за инспекциски работи на Општина

   Центар-Скопје за 2026 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.

                                                         Совет на Општина Центар-Скопје

                                                          ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                           Виолета Велковска

Submitted by miai on 26.09.2026 - 13:03