Герасимовски до советниците: Граѓаните гледаат кој работи за нив, а кој за партијата

13.11.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на седницата на Советот ја повика советничката група на ВМРО- ДПМНЕ да престане да ги става партиските интереси пред потребите на граѓаните. Тој потсети дека во изминатите четири години Советот едногласно поддржувал проекти од интерес на центарци и дека токму таа соработка дала резултати.

Прв вебинар: статија за веб-страница и билтен – проект „Bridging Beliefs“

09.11.2026
На 2 декември, од 10:30 до 12:00 часот по средноевропско време, придружете ни се на првиот вебинар на проектот „Bridging Beliefs“, посветен на говорот на омраза и дезинформациите на интернет, во организација на АЛДА. Проектот „Bridging Beliefs“ има за цел да поттикне дијалог меѓу различните религии и уверувања, со цел зајакнување на демократијата во Европската Унија.

Герасимовски: Слободата се празнува со хуманост, „Симит и погача“ во срцето на Скопје

13.11.2026
Со хуманост, солидарност и меѓугенерациско дружење, Општина Центар го одбележа 13 Ноември,  Денот на ослободувањето на Скопје. Традиционалниот хуманитарен фестивал „Симит и погача“ ги обедини граѓаните пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, а средствата собрани од базарот со домашни специјалитети се наменети за поддршка на повредените во пожарот во Кочани.

Герасимовски: Вие го изобличивте Центар со ДУП-овите што ги носевте, а денес зборувате за урбанизмот

13.11.2026
На денешната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски одговори на обвинувањата за урбанистичкото планирање, посочувајќи дека последиците од деталните урбанистички планови донесени во минатото и денес го ограничуваат постапувањето на Општината.

Герасимовски: По 10.000 денари за 243 семејства, конкретна поддршка за секое новороденче во Центар

12.11.2026
Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош за новороденче во износ од 10.000 денари. Општината ја зголеми оваа поддршка од 7.000 на 10.000 денари, со цел да им помогне на младите родители за да им да им ги олесни трошоците по раѓањето на детето.

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола, продолжува поддршката од Општината

11.11.2026
Општина Центар и оваа година финансиски им помага на младите да се стекнат со возачка дозвола. Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 центарци добија по 10.000 денари субвенција за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. 

Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар,  ја подигнуваме еколошката свест и одговорност

10.11.2026
Општина Центар, во соработка со лиценцираната компанија  „Еко-текс груп“,  почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад,  пред основните училишта и детските градинки. 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)

06.11.2026
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ - УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год. ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.