ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3) на ОПШТИНА ЦЕНТАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП)

10.02.2026
Програмата ReLOaD3, спроведена во партнерство меѓу Општина Центар и УНДП, има за цел да ја зајакне соработката со граѓанските организации и нивното учество во локалниот развој. Општина Центар и ReLOaD3 програмата ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на Oпштина Центар

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот

06.02.2026
Во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на јавниот спорт и рекреација за граѓаните, како и подобрување и зголемување на спортските успеси на спортистите-поединци и спортските клубови на домашен и меѓународен план, Општина Центар-Скопје обезбедува финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот од интерес за Општина Центар-Скопје, за дејствување во различни области од спортот во општината.

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица за членови на Партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Центар-Скопје

27.01.2026
Доброволно пријавување на лица за членови на Партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Центар – Скопје чија улога е преку јавна работа: да ги следи состојбите во планирањето со давање иницијативи, мислења, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапките за изработување и донесување на плановите со разгледување на планските програми.

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

22.01.2026
Јавен повик за доделување на субвенции на младите жители на Општина Центар – Скопје, за полагање на возачки испит Б-категорија во авто школи на подрачјето на општина Центар – Скопје.

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите

21.01.2026
Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите

КОНКУРС за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата

21.01.2026
Во согласност со Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар-Скопје распишува Конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.

Инвестиција во фотоволтаични централи за енергетски ефикасни училишта

18.12.2025
Фотонапонската централа на ООУ „Киро Глигоров“ веќе е во употреба и носи пониски сметки за електрична енергија. Со „Енергија–Центар“ инвестираме во обновливи извори, штедиме јавни средства и градиме поодржлив Центар.