Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар
24.08.2026
Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.
Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните.
Службен гласник 9 - 2026
17.08.2026
ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ „НЕШТО ШТО ЌЕ ОСТАНЕ“: ОПШТИНА ЦЕНТАР СО ЕКСКЛУЗИВНА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА СЦЕНА ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
13.08.2026
Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј - 50 години од формирањето на Општина Центар.
Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
11.08.2026
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки.
Ј А В Е Н П О В И K за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на проект: Промоција на јавен простор – Парк на Франкофонијата
07.08.2026
Целта на овој јавен повик е да се овозможи транспарентно и еднакво користење на просторот Парк на Франкофонија за организирање активности од јавен интерес кои придонесуваат за развојот на локалната заедница, поттикнување на граѓанското учество и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Преку овој повик, Општината има за цел да го поттикне користењето на јавниот простор како место за едукација, соработка, дружење и промоција на позитивни општествени вредности, преку активности кои се достапни и отворени за сите граѓани.