Спорт и млади|

Денеска ги запознавме 18 лиценцирани мотоциклисти од мотоклубот „Енрудо Тим Водно – Скопје“ кој Општина Центар неколку години го финансира преку Јавните повици за спорт и спортски здруженија и фондации.
Во клубот меѓу лиценцираните мотоциклисти, од кои 10 се во јуниорска конкуренција има и едно девојче, кое е единствено во Македонија во нашиот спорт.
Меѓу натпреварувачите исто така се и неколку деца од нашите центарски училишта, од кој најмлад е Марко со 8 години и учи во ООУ „Коле Неделковски“.
Им посакуваме успешна сезона на домашните и на меѓународни натпреварувачки викенди и бројни освоени шампионати.

Comments are closed.

Close Search Window