Јавен повик, Активности|

Врз основа на член 3 од Одлуката за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други направи, и определување на локации за нивно поставување на подрачјето на Општина Центар – Скопје („Службен гласник на Општина Центар – Скопје” бр.2/2024), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за утврдување на начинот, условите и постапката за доделување на локации за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на подрачјето на Општина Центар Скопје

 

  1. Предмет

1.1. Предмет на јавниот повик е утврдување на начинот, условите и постапката за доделување на локации за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на подрачјето на Општина Центар – Скопје.

1.2. Подвижните објекти, подвижните апарати и другите подвижни направи ќе се поставуваат на 14 локации на подрачјето на Општина Центар – Скопје

1.3. Локациите од потточката 1.2 се утврдени во графичкиот приказ кој е составен дел на Одлуката за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други направи, и определување на локации за нивно поставување на подрачјето на Општина Центар – Скопје („Службен гласник на Општина Центар – Скопје” бр.2/2024).

1.4. Под подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, во смисла на оваа Одлука се подразбираат објекти на сопствен погон или направи кои немаат сопствен погон на движење, односно претставуваат специјализирани возила за улична продажба со должина до 4 метри и висина до 3 метри, во кои можат да се даваат конфекционирани угостителски услуги кои немаат негативни еколошки влијанија врз околината (користат агрегат за напојување со струја со ниска бучавост кој е високо квалитетен, немаат индустриски агрегат и поседуваат сертификат за ниска емисија на штетни гасови), доколку ги исполнуваат минимално-техничките услови, како и други услови пропишани со закон.

1.5. Максималната површина која може да ја зафаќа подвижниот објект, подвижниот апарат и друга направа е утврдена со табелата од потточка 3.9. Во максималната површина на локацијата треба да се опфатени подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, манипулативен простор, урбана опрема во функција на користењето на локацијата и сл.

1.6. Подвижните објекти, подвижните апарати и другите подвижни направи, поставени на определена локација, може да се користат за конфекционирани угостителски услуги – продажба на јадења приготвени во конфекционирана состојба (претходно подготвени во деловната просторија и спакувани), за безалкохолни пијалаци, напивки, за сладолед, пијалоци, кондиторски производи, подготвување на пуканки, шеќерна волна, крофни, палачинки и слични производи.

1.7. Подвижните објекти, подвижни апарати и други подвижни направи не треба да содржат озвучување или аудио системи за пуштање музика.

1.8. На урбаната опрема од потточка 1.6 на јавниот повик може да се поставуваат рекламни натписи не поголеми од димензиите на предниот дел на објектот на кој се поставуваат и нивната димензија (висина и широчина) е составен дел на вкупната димензија на објектот.

1.9. На локациите од потточката 1.2 од јавниот повик може да се поставуваат подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи кои имаат дизајн и изглед кој не го нарушува амбиентот на околината каде се поставени.

 

  1. Временска рамка за користење на локациите

2.1. Локациите на кои е поставена урбаната опрема – подвижните објекти, подвижните апарати и други подвижни направи се даваат на користење за период од 12 месеци.

 

  1. Услови и постапка

3.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност заинтересирани за користење на локациите од потточката 1.2 од јавниот повик.

3.2. Барателот треба да има регистрирано дејност во Централен регистар на Република Северна Македонија.

3.3. Кон барањето за користење на локацијата за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, Барателот е должен да ја достави следната документација:

  • Барање за издавање на одобрение за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи (формулар бр.1 во прилог на јавниот повик);
  • Доказ за регистрирана дејност од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • Потврда/Пријава за исполнување на минимално – технички услови за вршење дејност согласно Законот за угостителската дејност;
  • Скица со искотирани димензии (должина, ширина, висина) во кои се опфатени подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, агрегатот, манипулативниот простор, како и урбаната опрема во функција на користењето на локацијата – корпа за отпадоци и сл.;
  • Текстуален опис на подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа (типот на објектот, погонот на кој се движи, типот на агрегатот со кој ќе се напојува, изгледот кој не го нарушува амбиентот на околината и сл.) и на дејноста која ќе се врши на локацијата;
  • Фотографии од подвижниот објект, подвижниот апарат или друга подвижна направа (реални или од каталог);
  • Уплатница од 1.000,00 денари на ПП50 образец (тарифен број 93) или доказ за електронски извршена уплата преку терминал на сметка на Општина Центар;
  • Изјава за плаќање на паричен износ за покривање на трошоците за уредување и одржување на јавна површина која се користи за поставување на урбаната опрема за целиот период на важење на одобрението (формулар бр.2 во прилог на јавниот повик);

3.4. На заинтересираните субјекти кои ги исполнуваат условите од потточка 3.3 ќе им биде одобрено користење на локација за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, согласно принципот „Прв дојден – прв услужен” (заведени во ден, час, минута, секунда);

3.5. Пред добивање на одобрение за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, а по известување дека е избран, субјект е должен да склучи договор со ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје и да достави Решение за регистрација на мобилен објект издадено од Агенција за храна и ветеринарство, во рок од 10 дена од денот на добивање на известувањето, како и да ја подмири обврската кон ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје за одржувањето на јавните површини на кои се одобрува поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи, согласно Ценовникот за услуги за вршење на вонредни активности на ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје.

3.6. Избраниот правен субјект е должен да плати комунална такса согласно важечките прописи.

3.7. Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на официјалната интернет страница на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk.

3.8. Барањето (формулар бр.1), Изјавата (формулар бр.2) и графичкиот приказ на локациите може да се подигнат од Архивата на Општина Центар – Скопје во барака број 6, на ул.„Михаил Цоков“ бр.1 – Скопје или од официјалната интернет страница на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk.

3.9. Локациите се дефинирани со реден број, име на локација, координати (y,x) и димензии и се дадени во табела (во прилог)

3.10. Барателот може да аплицира најмногу за 3 (три) локации од потточка 3.9. во едно барање, наведени по приоритет. (Со едно барање се аплицира за доделување на само една локација.)

3.11. Барателот може да добие одобрение за најмногу 2 (две) локации.

3.12. Одобрението може да се одземе во следните ситуации:

  • доколку носителот на одобрението не поднесе документи од точка 3 потточка 3.5;
  • доколку надлежните инспектори на Општина Центар – Скопје утврдат дека носителот на одобрението не ги почитува условите под кои е издадено Одобрението;
  • редовно не ја отстранува урбаната опрема на крајот на денот.

3.13. Барањето со целокупната документација од точка 3 потточка 3.3, треба да се достави преку архива на Општина Центар – Скопје, до Сектор за урбанизам, со назнака – ЈАВЕН ПОВИК (за утврдување на начинот, условите и постапката за доделување на локации за поставување на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на подрачјето на Општина Центар – Скопје).

3.14. Градоначалникот на Општина Центар – Скопје формира Комисија за спроведување на Јавниот повик (во понатамошниот текст Комисија).

3.15. Комисијата е задолжена да ги разгледа поднесените барања и да му предложи на Градоначалникот на Општина Центар – Скопје, листа со баратели кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.16. Доколку поднесените барања со придружната документација се неуредни (нечитливи) или некомплетни, Комисијата ќе ги отфрли како нецелосни и истите нема да ги разгледува, за што го известува Барателот.

3.17. Градоначалникот на Општина Центар – Скопје, врз основа на поднесениот предлог на Комисијата од потточка 3.15. ќе донесе Решение за избор на субјекти на кои ќе им се доделат локации за поставување на урбана опрема.

3.18. Учесниците на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка согласно Решението од потточка 3.17.

3.19. Општина Центар – Скопје може да го поништи јавниот повик доколку:

  • Не е пристигнато ниту едно барање;
  • Барањата кои се пристигнати не ги исполнуваат условите утврдени во точка 3 од јавниот повик;
  • Не се донесе решение за доделување на локации за поставување на урбана опрема согласно потточката 3.17 на јавниот повик.

Листа на локации

Формулар 1 – барање

Формулар 2 – изјава

Мапа со Локации 

Comments are closed.

Close Search Window