Образование|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги пречека коледарчињата од градинката „13 Ноември“ кои со песни и џагор утринава затропаа во неговиот кабинет, возбудени и весели.

Ги пречекавме и ги угостивме нашите мали пријатели, предвесници на Христовото раѓање и големиот празник Божиќ. Како што е редот, добија пакетчиња полни со слатки задоволства.
Коледарските песни утре нека се пеат и пред домовите. Да си ја почитуваме и негуваме нашата убава традиција и да ги отвориме вратите и душите за празничните радости. Во мир и слога да ги прославиме Бадник и Божиќ.

Comments are closed.

Close Search Window