ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар “
09.03.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел запознавање на граѓаните со уметничките, архитектонските, историските и другите вредности во општината, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „ Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар “.
ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“
27.02.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел актуализација на македонската поезија, како и насочување на вниманието на јавноста кон вредноста на делата на современите македонски поети и нивниот безвремен карактер, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“. Во рамките на проектот посветен на македонскиот поетски збор, се предвидува и соодветна музичка поддршка на настанот.