Активности, Образование|

Општина Центар набрзо ќе започне со реконструкција на тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“, станува збор комплетна санација и обнова на санитарните јазли која е донација на општествено одговорна компанија. Поради итноста градежните зафати да започнат за време на летниот распуст денеска Советот на Општина Центар одржа и вонредна седница за прифаќање на донацијата.

„Ме радува што имаме општествено одговорни компании кои се свесни за потребите од нови инвестиции во основните училишта. Квалитетното образование не значи само вложување во наставен кадар туку и во обезбедување на подобри услови за престој на децата во училиштата. Токму затоа изразувам огромна благодарност на компанијата која одговори на нашето барање за донација и поради која ќе обезбедиме нови тоалети за учениците“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски пред советниците на седницата.

Инаку донацијата се состои од материјали и услуги за реновирање на санитарните јазли на првиот кат во со цел подобрување на условите за престој на децата во училиштето. ООУ „Димитар Миладинов“ е основано во 1954 година односно прославува 69 години. Општина Центар ќе продолжи да ги негува пријателските односи со општествено одговорните компании кои и помагаат на општината и учениците. Квалитетното образование носи бенефиции на долг рок како за децата и родителите така и за државата.

 

Comments are closed.

Close Search Window