Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата.
Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Согласно Конкурсот за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата за 2026 година и Извештајот од Комисијата за рангирање на пријавите од поединци, здруженија на граѓани и други организации од областа на културата се финансираат следните проекти
Ј А В Е Н П О В И K за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје. Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, ќе се врши во согласност со Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите што се наведени во овој повик.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Фотонапонската централа на ООУ „Киро Глигоров“ веќе е во употреба и носи пониски сметки за електрична енергија. Со „Енергија–Центар“ инвестираме во обновливи извори, штедиме јавни средства и градиме поодржлив Центар.
Заедно со граѓаните, го одржавме вториот буџетски форум во ООУ „Димитар Миладинов“ за 2026 година. Продолжуваме заедно, отворено и одговорно, да го градиме буџетот што ги одразува вистинските потреби на центарци.
Хуманитарната акција на Црвениот крст – ОО Центар по повод Светскиот ден на волонтерството. Заедно со волонтерите подготвувавме пакети со храна за социјално загрозени семејства и ја дадовме нашата поддршка на нивниот несебичен труд.
Обележување на Светскиот ден на лицата со попреченост. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење.
Симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, каде што 515 ученици и вработени беа евакуирани брзо, организирано и безбедно.
Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар. Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен.