ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)
06.11.2026
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ - УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год.
ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.
Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
02.11.2026
Општина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината.
ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Градинките партнери на семејството“
30.10.2026
Во рамки на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата на Општина Центар-Скопје за 2026 година ќе се реализира проектот „Градинките партнери на семејството“ кој е наменет за поддршка на воспитувањето и грижата на децата и поактивно учество на родителите во животот и работата во детските градинки, преку објавување на Јавен повик за реализација на горенаведениот проект „Градинките партнери на семејството“.