Герасимовски:  Стихови  и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата

27.02.2026
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 Март,  денот кога ширум светот се слави поетскиот збор.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“

27.02.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел актуализација на македонската поезија, како и насочување на вниманието на јавноста кон вредноста на делата на современите македонски поети и нивниот безвремен карактер, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“. Во рамките на проектот посветен на македонскиот поетски збор, се предвидува и соодветна музичка поддршка на настанот.

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема 

26.02.2026
Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација.

Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург

25.02.2026
Македонските репрезентативци интензивно тренираат и се подготвуваат за претстојниот дуел со Луксембург, а подготовките ги одржуваат во реконструираната спортска сала Работнички.

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ, предлогот ќе биде ставен пред Советот 

25.02.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.

Герасимовски: Свечено отворена обновената сала во Градски парк, по пет децении Работнички доби нов дом

23.02.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма.

Герасимовски: 42. Маџирмаалски средби - традиција што го чува духот на Маџир Маало

23.02.2026
Општина Центар и годинава е покровител на Маџирмаалските средби, манифестација што повеќе од четири децении го негува маалскиот дух, спортот и културната традиција на едно од најстарите скопски маала. На средбите се приклучи и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој помина прекрасен ден во дружење со маџирмаалци и активно учествуваше во спортските и забавни содржини. Тој истакна дека Маџир Маало е пример за традиција што се одржува и се пренесува со години. 

ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, 78 години постоење

20.02.2026
Денес е голем ден за ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, 78 години постоење, посветеност и безброј детски насмевки. Имав чест да бидам дел од оваа прекрасна прослава и лично да им се заблагодарам на сите воспитувачи и негуватели кои со децении го вложуваат своето срце во правилниот раст и развој на нашите дечиња.

Герасимовски: Бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, создаваме современ и дигитален Центар

20.02.2026
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено.