Активности, Образование|

„Образованието е најсилната алатка преку која може да го унапредите нашето општество и да го менувате светот“, им порача Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, на учениците од основните училишта во општината.

Герасимовски преку видео порака им го честита летниот распуст и завршувањето на училишната година порачувајќи дека образовниот процес е нова етапа која цел живот ќе остане со нив.

„Се надевам дека новите пријателства, искуства и новите знаења кои ги стекнавте на училиште долги години ќе ги носите со вас. Ви честитам за успешното завршување на уште една многу важна година во која стекнавте нови знаења од различни области. Мене ми претставува особено задоволство што како одговорна локална самоуправа, можеме да ви помогнеме во развојот и унапредувањето во општеството”, порача Герасимовски.

Герасимовски исто така порача дека преку доделувањето стипендии од различни области општината уште повеќе ја мотивира желбата за учење кај учениците.

„Општина Центар оваа учебна 2021/2022 година додели 29 стипендии од областа на културата, 25 од науката и 27 од областа на спортот и дополнително уште 8 стипендии на деца од семејства со висок социјален ризик. Вкупно 89 стипендии за ученици од основните училишта кои верувам дека влијаат за поголем труд и успеси кај учениците”, изјави Герасимовски.

За крај на сите ученици од училиштата во Општина Центар им посака убав распуст и весели летни денови, но и нови сили за нови подобри достигнувања во септември.

Comments are closed.

Close Search Window