Активности, Образование, Спот и млади|

Осумте основните училишта на територија на Општина Центар се подготвени за почетокот на новата учебна година. Ова, денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска, на одржаниот онлајн состанок ѝ го соопштија на министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Општина Центар изминатиот период, особено во време на пандемијата на КОВИД 19, ги поддржува основните училишта во своите активности, со навремена набавка на квалитетен училишен материјал и училишни помагала.

Општинските основни училишта во моментов, покрај екипираноста со наставниот кадар, се опремени и со вкупно 68 интерактивни (смарт) табли, 134 десктоп компјутери, 85 преносливи (лап топ) компјутери, 12 таблети, 65 ЛЦД проектори и 49 скенери, кои им се на располагање и на наставниот кадар, но и на учениците кои посетуваат настава. Дополнително, обезбедени се 78 принтери, 20 скенери, 26 фотокопири и 5 тн. мимио уреди, за подобрување на резултатите на учениците.

Градоначалникот Богдановиќ и раководителката Јанковска ја информираа министерката Царовска и за претстојните инвестиции кои ќе бидат реализирани во наредниот период, односно одвоените 1 милион денари за набавка на нагледни средства и 2 милиони денари за набавка на нови 28 интерактивни (смарт) табли за потребите на основните училишта.

Во периодот што следи, Општина Центар ќе ги започне проектите за реконструкција на спортската сала во ООУ „Димитар Миладинов“, доградбата на училниците во ООУ „Коле Неделковски“, изградбата на ново спортско и детско игралиште во ООУ „11 Октомври“, реконструкцијата на тоалетите во ООУ „Кирил и Методиј“, партерното уредување на дворот во ООУ „Кочо Рацин“ и реконструкцијата на кровната површина во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, кои би требало да бидат готови веќе на самиот почеток на есента.

Comments are closed.

Close Search Window