Одржан вториот буџетски форум со граѓаните на Општина Центар

11.12.2025
Заедно со граѓаните, го одржавме вториот буџетски форум во ООУ „Димитар Миладинов“ за 2026 година. Продолжуваме заедно, отворено и одговорно, да го градиме буџетот што ги одразува вистинските потреби на центарци.

Заедно за солидарност: Општина Центар со поддршка за волонтерите

05.12.2025
Хуманитарната акција на Црвениот крст – ОО Центар по повод Светскиот ден на волонтерството. Заедно со волонтерите подготвувавме пакети со храна за социјално загрозени семејства и ја дадовме нашата поддршка на нивниот несебичен труд.

Општина Центар обележа 20 години од Центарот за деца со церебрална парализа

03.12.2025
Обележување на Светскиот ден на лицата со попреченост. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење.

Општина Центар воведува современ систем за следење и намалување на бучавата

03.12.2025
Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар. Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен.

Општина Центар и УНИЦЕФ со заедничка иницијатива за превенција од вандализам кај младите

01.12.2025
Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер и градоначалникот Горан Герасимовски разговараа за превенцијата од вандализам и за воведувањето општокорисна работа како алатка за надминување на овој сè почест проблем кај малолетниците.