Активности, Проекти, Совет|

На последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласа и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град – Smart city (Паметен Град)

На предлог на градоначалникот на Саша Богдановиќ, советниците изгласаа Центар да се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола.

Преку т.н. паметни столбови, ќе се обезбеди систем за паметно осветлување на цела територија на Град Скопје и во Општина Центар, со чие поврзување ќе се придонесе кон носењето на подобри локални одлуки од страна на локалните власти и ќе го подобри квалитетот на живеење на жителите.

Проектот ќе се реализира во наредните три години, а средствата за платформата Smart City ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2021-ва, 2022-ра и 2023-та година.

Comments are closed.

Close Search Window