Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување.
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за доделување на еднократна парична помош заради штетата предизвикана од природната непогода на подрачјето на Општина Центар-Скопје случена на ден 21.07.2026 година согласно Правилник донесен од Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ број 9/26).
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел Општината да даде свој придонес во афирмирањето на македонската музика и поддршка на македонските изведувачи, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Нешто што ќе остане“. Во рамките на овој проект што прерасна во традиција, предвидено е да се организира музички хепенинг на кој ќе се претстават наши уметници, а жителите на градот ќе имаат можност бесплатно да се забавуваат слушајќи ги домашните автентични звуци.
Се донесува Решение за свикување на деветтата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 23.7.2026 година /четврток/, со почеток во 9.30 часот
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локаланата самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.
Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици.
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ , музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, кои се натпреваруваа во пет дисциплини : пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка, во машка и женска конкуренција.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во разговор за Умно.мк за состојбите и односот кон јавниот простор посочува дека општината континуирано спроведува кампањи и мерки за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на урбаната и јавната инфраструктура.
Со многу детска љубопитност, дружење и убава атмосфера започна „Патувачкото кино“ на Општина Центар.
Вечерва проекциите ќе се одржат на две локации: во 20:00 часот на игралиштето на ООУ „Ј. Х. Песталоци“, а во 21:00 часот на „Плочник“ во Градски ѕид.