Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед. Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.
Со ревијален натпревар во кошарка во реконструираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги затвори училишните спортски игри „Лига Центар“ 2025/26.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел популаризација на рок музиката во урбаната средина и поддршка на младите и неафирмирани музичари, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“.
Се донесува Решение за свикување на шестата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 24.4.2026 година /петок/ во 11.00 часот.
Согласно Конкурсот за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата за 2026 година и Извештајот од Комисијата за рангирање на пријавите од поединци, здруженија на граѓани и други организации од областа на културата се финансираат следните проекти
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Три дена, скопјани имаа можност да уживаат во разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забавa
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави тимот од Комисија за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти кои работат на современи и одржливи урбанистички решенија за општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски, го исполни ветувањето на граѓаните и просторот којшто беше дива депонија, целосно го исчисти во месец февруари и летово го пренамени во паркинг простор на барање на жителите на една од маалските средби „Се гледаме во маало“.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во обиколка на улиците, заедно со хигиеничарите на Центар, затекна контејнери опкружени со купишта ѓубре.
Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.