Едно од најпознатите детски игралишта во Дебар Маало, на улица „Славка Недик“, познато како „Дрвен“, е целосно реконструирано и доби современ и уреден изглед. Заменети се детските реквизити, поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, а просторот е збогатен со жардињери и летниковец.