Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа координативна средба со директорите на сите општински основни училишта, на која беа разгледани последните подготовки пред почетокот на новата учебна година.
Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.
Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните.
Целта на овој јавен повик е да се овозможи транспарентно и еднакво користење на просторот Парк на Франкофонија за организирање активности од јавен интерес кои придонесуваат за развојот на локалната заедница, поттикнување на граѓанското учество и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Преку овој повик, Општината има за цел да го поттикне користењето на јавниот простор како место за едукација, соработка, дружење и промоција на позитивни општествени вредности, преку активности кои се достапни и отворени за сите граѓани.
Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на еден деловен простор, сопственост на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје, согласно Одлука за издавање под закуп на деловен простор во катна гаража „Судска Палата” на КП бр. 8885/7, И.Л. бр. 103901 КО Центар 1, донесена од страна на Советот на ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје Скопје („Службен гласник на Општина Центар Скопје” број 9/2026), за времетраење од 3 (три) години од денот на потпишувањето на Договорот за закуп со најповолниот понудувач.
Градоначалникот на Општина Центар – Скопје распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ Скопје, со мандат од 4 (четири) години.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.
Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици.
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ , музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, кои се натпреваруваа во пет дисциплини : пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка, во машка и женска конкуренција.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во разговор за Умно.мк за состојбите и односот кон јавниот простор посочува дека општината континуирано спроведува кампањи и мерки за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на урбаната и јавната инфраструктура.
Со многу детска љубопитност, дружење и убава атмосфера започна „Патувачкото кино“ на Општина Центар.
Вечерва проекциите ќе се одржат на две локации: во 20:00 часот на игралиштето на ООУ „Ј. Х. Песталоци“, а во 21:00 часот на „Плочник“ во Градски ѕид.
Општина Центар информира дека на 7 јуни (недела), со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Парк на Франкофонијата ќе се одржи концертот „We Will Rock You“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.