Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.
Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.
Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните.
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на науката од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на спортот од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на културата од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар дава финансиска поддршка на здруженија за реализација на проекти – воннаставни активности за ученици, наставници и родители во учебната 2024/2025 година во општинските основни училишта на Општина Центар-Скопје
Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.
Согласно Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2024 година и Извештајот за спроведена постапка од Комисија за рангирање на пријавите од спортски клубови спортисти поединци и организации од областа на спортот
“На денешната панел конференција во организација на Хајделберг факултетот во Скопје, имав можност со своите колеги градоначалници да разменам искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт.“
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им изрази голема благодарност на Воислав Чижбановски, Сами Камилов, Ѓунеш Елес и Мифтар Рајкович вработени во ЈП Паркинзи на Општина Центар, за храброто и пожртвувано гаснење на пожарот на Јасен.