Герасимовски присуствуваше на панел конференција во организација на Хајделберг факултет

Активности
Размена на искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт
Герасимовски присуствуваше на панел конференција во организација на Хајделберг факултет
21.08.2024

На денешната панел конференција во организација на Хајделберг факултетот во Скопје, имав можност со своите колеги градоначалници да разменам искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт.

Општина Центар ги има сите три основи за успешна фискална децентрализација, фискален капацитет, финансиска дисциплина и транспарентност со отчетност. Во добра финасиска кондиција сме, имаме одлична наплата на приходи, висока транспарентност и соработка со жителите кои активно учествуваат во донесување на буџетот преку Буџетскиот форум и преку интернет алатката Мој буџет.

Ваквите економски перформанси и резултати треба да бидат приоритет при одобрување на средствата од државниот буџет за капиталните проекти во општината.

Галерија
Submitted by alfa4 on 21.08.2024 - 10:00