Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел актуализација на македонската поезија, како и насочување на вниманието на јавноста кон вредноста на делата на современите македонски поети и нивниот безвремен карактер, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“. Во рамките на проектот посветен на македонскиот поетски збор, се предвидува и соодветна музичка поддршка на настанот.