Соопштенија

Соопштенија, известувања и други информации за јавноста
Соопштенија
Соопштенија на Општина Центар-Скопје
  • 17.12 2025
    Се донесува Решение за свикување на третата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 24.12.2025 година /среда/ во 11 часот.
  • 12.12 2025
    Ве покануваме на јавна дебата за дефинирање на приоритети за јавен повик за граѓански организации кој ќе биде објавен на почетокот на 2026 година. Јавната дебата ќе се одржи на 17 декември 2025 (среда), со почеток во 12:00 часот, во салата на Младински Центар “Матично“.
  • 11.12 2025
    Општина Центар-Скопје за 2025 година, со цел културно и забавно анимирање на жителите по повод новогодишните празници, објавува Јавен повик за реализација на проектот „Вечер под ѕвездите“. Датумот за одржување на настанот е 29.12.2025 година (понеделник), а предвидената локација за реализација на проектот е Боемска улица.
  • 11.12 2025
    Се донесува Решение за свикување на првата вонредна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 12.12.2025 /петок/ во 10 часот во салата на Советот (барака 6)
  • 05.12 2025
    Се донесува Решение за свикување на втората конституитивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 09.12.2025 година /вторник/ во 13 часот.
  • 21.11 2025
    Општина Центар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Енергетски ефикасна реконструкција на објектот ООУ „Св. Кирил и Методиј – Центар“.
  • 19.11 2025
    Се донесува Решение за свикување на првата конституитивна седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 19.11.2025 година /среда/ во 13 часот.
  • 02.10 2025
    Се донесува Решение за свикување на 53. седница на Совет на Општина Центар – Скопје. Седницата ќе се одржи на 9.10.2025 година /четврток/, со почеток во 13.00 часот
  • 22.09 2025
    Градоначалникот Горан Герасимовски, го исполни ветувањето на граѓаните и просторот којшто беше дива депонија, целосно го исчисти во месец февруари и летово го пренамени во паркинг простор на барање на жителите на една од маалските средби „Се гледаме во маало“.