Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици.
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ , музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.
Се донесува Решение за свикување на осмата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 19.5.2026 година /вторник/, со почеток во 14.00 часот
Јавниот повик се однесува на: финансиска поддршка за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се одбележи Светскиот ден на музиката 21 јуни, како и да се доближи класичната музика кај помладата генерација, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Центарска симфонија“.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар дава финансиска поддршка на здруженија за реализација на проекти – воннаставни активности за ученици, наставници и родители во учебната 2024/2025 година во општинските основни училишта на Општина Центар-Скопје
Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.
Согласно Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2024 година и Извештајот за спроведена постапка од Комисија за рангирање на пријавите од спортски клубови спортисти поединци и организации од областа на спортот
“На денешната панел конференција во организација на Хајделберг факултетот во Скопје, имав можност со своите колеги градоначалници да разменам искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт.“
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им изрази голема благодарност на Воислав Чижбановски, Сами Камилов, Ѓунеш Елес и Мифтар Рајкович вработени во ЈП Паркинзи на Општина Центар, за храброто и пожртвувано гаснење на пожарот на Јасен.