Герасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема
22.06.2026
Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март“ во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед.
Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар
17.06.2026
„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на „ Енергија Центар ”, првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think.