Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат,  досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар

21.07.2026
Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се  средства за сите заинтересирани до крајот на годината.

Герасимовски: Нова инклузивна поддршка за децата и семејствата во Центар, дневен престој и индивидуален третман

20.07.2026
Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со попреченост.

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

17.07.2026
Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. Од вкупно 11 јавни чешмички кои се под надлежност на општината, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти.

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот,  брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

15.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа.

Герасимовски: Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно

14.07.2026
На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на  реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава.

Герасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава

14.07.2026
На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината.

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема

14.07.2026
Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед.

Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен

13.07.2026
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100.

Герасимовски во посета на градинката „13 Ноември“: Центар и ова лето организира згрижување на ученици до 10 години

10.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети детската градинка „13 Ноември“, каде се згрижени деца од училишна возраст во рамки на летната програма што ја спроведува локалната самоуправа.