Герасимовски: Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно

14.07.2026
На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на  реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава.

Герасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава

14.07.2026
На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината.

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема

14.07.2026
Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед.

Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен

13.07.2026
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100.

Герасимовски во посета на градинката „13 Ноември“: Центар и ова лето организира згрижување на ученици до 10 години

10.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети детската градинка „13 Ноември“, каде се згрижени деца од училишна возраст во рамки на летната програма што ја спроведува локалната самоуправа.

Герасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

09.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за санација на инфраструктурата во ООУ „Димитар Миладинов“, со кои  ќе се подобрат условите за учење, работа и спортување во училиштето.

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

07.07.2026
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.  Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата  ,,Сервис за стари лица"

07.07.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината.

Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“,  Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор

03.07.2026
Општина Центар започна  градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање  јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите.