Герасимовски: Отстранети бесправно поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија
14.04.2026
Во текот на ноќта се отстранети нелегално поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и сувенири.
Акцијата беше реализирана по наредба на овластен градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи при Општина Центар, врз основа на претходно извршен вонреден инспекциски надзор. Со решението беше наложено нивно отстранување, по што лицата постапија согласно истото и во доцните вечерни часови самостојно ги демонтираа тезгите.
Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за домаќинство и семејните вредности во пресрет на Велигден
09.04.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на едукативно-креативната работилница во ООУ „Киро Глигоров“, каде пензионерките од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците за велигденските обичаи, фарбањето на јајца и подготовките за големиот празник, како дел од часот по домаќинство.