Јавен повик, Образование|

Врз основа на член 22 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), а во врска со Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 13/24), Општина Центар-Скопје објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање проекти за воннаставни активности за ученици, наставници и родители

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Центар дава финансиска поддршка на здруженија за реализација на проекти за воннаставни активности за ученици, наставници и родители во општинските основни училишта на Општина Центар-Скопје на тема:

УЛОГАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ И МОРАЛНИТЕ НОРМИ КАЈ МЛАДИТЕ

Право на учество во јавниот повик имаат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието што ги исполнуваат условите на повикот.

 

УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

За да учествуваат во јавниот повик, подносителите на проектите/активностите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:

  • Здружението да е регистрирано на територија на Општина Центар.
  • Здружението претходно да реализирало проекти од воспитно – образовна работа и да може да го докаже тоа.
  • Со проектот да се опфатени сите општински основни училишта на територија на Општина Центар Скопје.
  • Проектните активности да се реализираат во периодот од мај до јуни 2025 година.
  • Проектните активности да ги реализираат обучувачи – универзитетски професори од следниве области:
  • Доктор по социолошки науки (од областа на социологијата на морал)
  • Психолог – Доктор по социјална работа и социјална политика
  • Доктор по педагошки науки (од областа на методика на воспитна работа – морално воспитание)
  • Доктор по психолошки науки
  • Обучувачите да имаат претходно искуство со конкретната тема на јавниот повик.
  • Проектот да предвидува рамномерна старосна и родова застапеност.
  • Да се достави финансиски план за потребните средства за реализација на проектот.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

На јавниот повик може да се пријавуваат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието, со регистрирани седишта на подрачјето на Општина Центар – Скопје.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

– Во проектот да се вклучени стручни кадри предвидени во условите за конкурирање;

– Да има добро формулирани цели и резултати од имплементацијата на проектот;

– Да содржи план за вклученост на заедницата во реализацијата на проектот;

– Да содржи план за евалуација на активностите.

 

КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ги разгледува стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар – Скопје.

 

НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на проектите се врши со доставување пријава. Јавниот повик и пријавите ќе бидат објавени на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите може да се пратат до Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје или да се поднесат во архивата на Општината најдоцна до 15 часот на последниот ден од Повикот.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

– Пријава за Јавен повик со детален опис на проектот и план на активности (аплицирање, изготвување сопствена пријава);

– Портфолио на подносителот на проектот;

– Биографии на лицата вклучени во проектот;

– Решение за регистрација или тековна состојба не постара од шест месеци на здружението/организацијата (за здруженија и клубови);

 

ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК

Пријавите доставени по завршувањето на јавниот повик и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Материјалите и пријавите што се доставени за повикот не се враќаат.

Јавниот повик ќе трае пет (5) дена од денот на објавувањето, односно до 20.05.2025 година до 15 часот, а ќе биде објавен на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Учесниците писмено ќе бидат информирани за резултатите од Јавниот повик.

Финансиската поддршка изнесува 250.000,00 денари, во рамките на предвидените средства во Програмата за образование и Буџетот на Општината.

Овој износ му се доделува на еден учесник и тој целосно треба да ги реализира проектните активности.

Средствата се исплатуваат еднократно.

По завршувањето на проектот здружението што го добива проектот треба да достави:

  • детален извештај за текот на активностите (со вклучени фотографии и листи на учесници) и
  • комплетен финансиски извештај (фактури, договори и докази за плаќање) за целиот период.

Comments are closed.

Close Search Window