Герасимовски: Бесплатно обезбедување во градинките во Центар од следната година и нови униформи за вработените

04.09.2025
Во програмата за следната година ќе биде предвидено воведување бесплатно обезбедување во сите градинки, со цел највисока безбедност и сигурност на децата. Дополнително, општината ќе обезбеди нови униформи за вработените, поставување клима-уреди за подобри услови за престој, како и редовна проверка на санитарно-хигиенските стандарди двапати годишно.

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

04.09.2025
Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар. Ова беше договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз.