Јавен повик|

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.13/24)  Општина Центар-Скопје објавува

 

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година, наменети за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје

 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година, ќе се врши во согласност со Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите што се наведени во овој повик.

 

  1. Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје) за следниве приоритетни услуги, утврдени во Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година:

Услуга 1:

  1. Психосоцијален третман и поддршка на жртви на родово засновано и семејно насилство, вклучително деца и жени жртви
  2. Советување и поддршка за момчиња и мажи засегнати од насилство.

Услуга 2:

  1. Превенција, советување и третман на млади во ризик од злоупотреба на дроги и нивните семејства;
  2. Психо-социјална поддршка, психотерапевстка и психијатриска поддршка, активности за личен развој и интеграција и ресоцијализација во заедницата.

Услуга 3:

  1. Континуирани индивидуализирани услуги преку обезбеден пристап до компјутер и интернет со примена на асистивна технологија за децата со сите видови на попречености.
  2. Континуирани индивидуализирани услуги за ран стимулативен развој преку АТ.

 

  1. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените социјални услуги, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година. Исплатата ќе се врши во две транши и тоа:

Прва транша – по потпишување на договор и поднесено барање за исплата на прва транша во висина од 50% од одобрениот износ, и

Втора транша – по поднесен извештај на половина од договорниот период и Барање за исплата на втора транша во висина од 50% од одобрениот износ.

 

  1. Доставување извештај

Апликантите – даватели на социјални услуги, на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за здравствена, социјална и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година, на половина од договорниот период  и по завршувањето на своите активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Комисија за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

 

4. Право на учество и критериуми

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата – даватели на социјални услуги со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

 

  • да се регистрирани како здружение на граѓани во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • да се лиценцирани даватели на социјални услуги во регистарот на МТСП или имаат потврда од МТСП дека се провајдери на специфичната социјална услуга;
  • да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;
  • да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

 

  1. Потребна документација што апликантот – давател на социјална услуга треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка

Здруженијата -даватели на социјални услуги што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

  1. Документација за регистрација на субјектот (тековна состојба оригинален примерок) не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  2. Важечка лиценца (5 години) за давател на конкретна социјална услуга издадена од МТСП (доколку на повикот за некоја од услугите не се пријави ниту еден лиценциран давател на услуга, ќе биде земен предвид и нелиценциран давател на услуга, кој има потврда од МТСП за испорака на специфичната услуга);
  3. Финансиски план за потребните средства за реализација на услугата за која се аплицира;
  4. Пријава за аплицирање што е поставена на веб-страницата на Општината (www.opstinacentar.gov.mk)
  5. Завршна сметка за 2023 година
  6. Извештај за реализирани социјални услуги во текот на 2024 година (за нелиценцирани даватели на услуги Извештај за реализирани социјални услуги во текот на 2023 и 2024 година).

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите.

 Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите за распределбата на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните.

Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk

 

Прилог 1 – пријава на социјални услуги

Правилник за распределба на средства социјални услуги

 

 

Comments are closed.

Close Search Window