ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање за услуга Итно копче во Oпштина Центар-Скопје
Критериуми за избор на корисници на услугата во Општина Центар-Скопје се лица:
- жителки и жители на Општина Центар-Скопје од повозрасна категорија (односно над 65 години), со приоритет на лица кои живеат сами или со брачен другар, кој е со нарушена здравствена состојба
- со адреса на живеење во Општина Центар-Скопје
- ненадминуваат висина на пензија од 35.000,00 МКД
- лица кои немаат дијагностицирано деменција (не е соодветен уредот за лица со деменција и Алцхајмерова болест)
- услугата може да ја користи само 1 член на семејство
Начин на аплицирање за услугата и потребни документи:
- Барање за користење на услугата Итно Копче (се пополнува за време на апликација во канцеларијата на Црвен крст)
- копија од лична карта
- копија од чек од последна пензија
Сите документи се доставуваат на некоја од следните локации:
Канцеларија на Итно копче, ул. „Славе Георгиевски Шнајдер“ бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот
Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот број 02/15330
Времетраење на јавен повик: од денот на објава до исполнување на капацитетите
*Поради ограничен број на уреди, корисниците ќе се одбираат по принципот ,,прв дојден-прв услужен”.