Јавен повик, Култура|

1.Предмет на јавниот повик:

Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2024 година, а со цел да се збогати визуелниот изглед на објектите во Општината, се објавува Јавен повик за пријавување на поединци и здруженија кои работат во сферата на културата и уметноста и делуваат на територијата на Општина Центар за реализација на проектот „Мини мурали и графити“.

Овој Јавен повик се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје  https://www.centar.gov.mk/

2.Услови за пријавување:

2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават поединци (ликовни уметници, студенти, професионални сликари) и регистрирани здруженија и организации со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот „Мини мурали и графити“.

2.2 Место/локација предвидени за изработка на муралите/графитите: Ѕид на фасадата на ООУ „Коле Неделковски“. Подносителите на пријава на овој Јавен повик може да предложат и друга локација за изработка на муралот/графитот за која ќе приложат и согласност од сопствениците на објектот.

2.3 Тема на цртање: Во согласност со проектот 4.9 „Мини мурали и графити“ од Програмата за култура на Општина Центар за 2024 година предвидена е изработка на мурал на Благоја Дрнков, доајен на македонската документаристика и неприкосновен уметник во фотографското мајсторство. Подносителите на пријава може да предложат и слободна тема на цртање со тоа што истата не треба да биде извор на поттикнување расна, национална, политичка, верска или друга нерамноправност или омраза.

Напомена: Идејните решенија со кои се поттикнува расна, национална, политичка, верска или друга нерамноправност или омраза нема да бидат разгледувани од Комисијата за рангирање на пријавите.

2.4. Ресурси/потребен материјал за цртање: Поединците, односно здруженијата што ќе бидат избрани на Јавниот повик, треба сами да си го обезбедат комплетниот потребен материјал и потребните ресурси за реализација на муралот или графитот.

 

3.3  Потребна документација за пријавување на Јавнот повик:

– пополнета пријава

– портфолио на организацијата и кратка биографија на лицата вклучени во проектот

– цртеж, скица за предлог муралот/графитот

– опис и приближна големина на муралот/графитот кој се предлага за реализација

– предлог – буџет за средствата потребни за реализација/цртање на муралот/графитот

– активна трансакциска сметка на поединецот или здружението што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства

– Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.

     4.Комисија за евалуација и критериуми:

Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот од редот на администрацијата. Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, големината на муралот, референците на авторот од претходно изработени дела, прифатливост на цената за изработка на муралот/графитот, како и времетраењето за изработка на делото.

    5. Начин и рок на поднесување на пријавата:

Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

 

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите поддржани со овој Јавен повик се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2024 година. Износот на финансиската подршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 4.9 „Мини мурали и графити“ наменети за поддршка на поединци и здруженија од сферата на културата и уметноста за 2024 година изнесуваат 190.000,00 денари. Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

Пријава за јавен повик Мини мурали и графити

Comments are closed.

Close Search Window