ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје

02.04.2026
Ј А В Е Н  П О В И K за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје. Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, ќе се врши во согласност со Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите што се наведени во овој повик.

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации  во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето

02.04.2026
Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот.

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

27.03.2026
Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“

27.03.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се промовира креативноста и творештвото на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“.

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ ,  Центар ја промовира македонската и европската гастрономија

25.03.2026
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира  македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна.

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

25.03.2026
Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“.