Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, Знам и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

13.09.2026
Најостро и целосно ги отфрламе наводите на „Знам“ и советникот од Левица, Куцуловски, за наводна цензура на снимката што во живо беше пренесувана на YouTube-каналот на Општина Центар.

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

12.09.2026
Паркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана

11.09.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – Барутана.

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

09.09.2026
Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Интерен Оглас 3/2026

Оглас број
3/2026
Оглас објава
Оглас рок
Оглас состојба
Активен

Интерен Оглас 2/2026

Оглас број
2/2026
Оглас објава
Оглас рок
Оглас состојба
Активен

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К за ангажирање лични асистенти во проектот „Образование за сите“

04.09.2026
Заинтересираните лица што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар-Скопје, во учебната 2026/2027 година. Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет (20) работни часа неделно, во период од осум (8) месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година.

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби

04.09.2026
Општина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

02.09.2026
Општина Центар ги известува граѓаните дека утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на Нацрт – Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана. На јавната презентација граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со предложените плански решенија и да добијат повеќе информации за Нацрт-планот.