Активности, Култура|

Неверојатна смиреност, трпение, издржливост. Живите статуи вчера вечер на улица Македонија навистина импресионираа.
Секоја од нив раскажуваше своја сопствена приказна, а секој од нас ги доживеа со различни емоции.
Неверојатно е да го доживееш сето тоа од една замрзната слика.
Уличната уметност ја разбуди нашата имагинација и центарските улици, а целата атмосфера ја надополни и музичкиот настап на Емил Ејупи квартетот.
Општина Центар продлжува да ја негува уметноста и да дава поддршка на настани од областа на културата, со креативците на Театроск се гледаме наскоро низ центарските улици.

Comments are closed.

Close Search Window